Научниците на НАСА објави дека откриле планета слична на Земјата нарекувајќи ја „поголемиот и постар роднина”, јавуваат светските медиуми.
– Денес Земјата е малку помалку осамена бидејќи има нов другар”, рече аналитичарот Џон Џенкинс од NASA’s Ames Research Center..
Планетата наречена Kepler-425b е првата екстрасоларна планета со големина блиску до Земјата која орбитира околу една ѕвезда слична на Сонцето во зона погодна за живот. Таа се наоѓа во сончев систем кој е 1.200 светлосни години далеку
Планети кои орбитираат околу ѕвезда во зона погодна за живот се во можност да ја задржат температурата која овозможува водата да остане во течна состојба што претставува неопходен услов за опстанок на живот како ние што го знаеме.
Kepler-425b е поголема од Земјата што значи дека веројатно има карпеста површина.
Земјата и Kepler-425b имаат слични орбити – на поголемиот роднина му требаат 385 дена да направи круг околу својата ѕвезда.
Најновото откритието е направено со помош на вселенскиот телескоп Кеплер (по кого е именувана планетата) со што се покажа дека големата инвестиција е оправдана. Кеплер е лансиран во 2009 со цел изнаоѓање планети во други соларни системи.