NASA вечерва (во 23 и 28 минути по наше време) ќе ја бомбардира Mесечината. Се работи за контролирано погодување на Mесечината со две роботизирани летала во склоп на мисијата GRAIL. Целта е да се дознаат повеќе податоци за тоа што лежи под површината на Mесечината.
Овие две летала ја проучуваа гравитацијата на месечината а сега НАСА намерно ќе ги урне на планински врв на северниот пол на Mесечнината, јавува Ројтерс.
Ударот на леталата нема да биде видлив од земја бидејќи северниот пол на Mесечината ќе е во сенка.
Како што е најавено, прво во Mесечината со брзина од 1,7 км во секунда недалеку од кратерот Голдшмит ќе удри сондата ,,Eb,, а 20 секунди подоцна ќе удри леталото Flou.
Како што е најавено НАСА ќе го снима ова контролирано ,,бомбардирање,,