Високото обвинителство во Зајечар покрена истрага против мажот кој е осомничен за убиството на Драгана Матијевиќ, работничката во неговата пекара, поради што му се закануваат 40 години затвор.
Ова дело, објаснува адвокатот, се смета за тешко кривично дело, особено со оглед на фактот дека кога обвинетиот пукал, во просторијата имало голем број луѓе.
– Мојата Драгана денеска ја закопуваат, а лекарите се борат за убиецот и неговиот живот. Ако преживее и го осудат ќе биде најголемо задоволство за нас, вели мајката на Драгана, Мирослава.