Нашле начин како излижани зимски гуми да направат да личат на нови (Видео)


Aвтомобилските гуми се трошат и мора да се менуваат кога ќе дојде времето за тоа. Тоа го знае секој одговорен возач, но, одредени луѓе се подготвени да го ризикуваат и сопствениот живот за да заштедат или да заработат пари.

gumi

На интернет се појави видео снимка од Финска на која можете да видите како од старата и потрошена гума настанува „нова“ гума со длабоки шари.

Овој „мајстор“ ги изрежа шарите и направи подлабоки шари создавајќи илузија дека тоа се нови гуми, но на тој  начин само дополнително ја ослабнал гумата и ја направил поподложна на пукање.

Иако во потписот на снимките се наведува дека оваа постапка, позната како „regrooving“ или „браздење на гумите“ е извршена само за лична употреба без намера за продажба, не можеме со сигурност да знаеме колку оваа постапка е сигурна и мора да напоменеме дека во голем број од земји во светот е илегална.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1