Насилникот од Луковица имал список за отстрел – сакал да убие тројца


47 годишниот Ванчо Милошевски од каменичкото село Луковица на Бадник имал намера да застрела три лица, за кои претпоставувал дека биле во љубовна врска со неговата сопруга. Според извештајот на Основното јавно обвинителство од Кочани, својот поход Милошевски го започнал околу 12:30 минути. Првите истрели мештаните на Луковица ги слушнале околу 12:30 минуити. Доаѓале од Врбачка маала. lovlovecpuska1a
Таму живеел сега ранетиот 40-годишен маж. По кратко време се слушнале нови истрели.Со тие куршуми во пределот на стомакот била погодена дваесетгодишната девојка. Милошевски немал намера да ја застрела неа. Бил со намера да го застрела нејзиниот татко за кој се сомневал дека и тој бил во љубовна врска со неговата сопруга.
За жал влезната врата ја отворила неговата керка. Откако и неа ја застрелал Милошевски тргнал понатаму. Бил со цел да застрела уште едно лице,но за срека во третата кука ,која била и последна во неговиот список немало никој.
47 годишниот Милошевски е приведен и му е изречена мерка притвор од триесет дена. Неофицијалните информации говорат дека подолг период во семејството Милошевски имало недоразбирања.  За неполни два месеци ова е втор случај во источниот дел од државата каде што  куршумите се единствен излез во решавањето  на брачните кризи.
Алфа.мк
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1