Снимката која ја објавивме од насилното однесување на група девојчиња врз едно девојче само на другата страна стасала до родителите и до надлежните.
Според Дневник се работи за 14 годишно девојче кое изеде ќотек и беше навредено од своите другарки пред очите на основците од училиштето „Лазо Ангеловски“ во населбата Аеродром, на само неколку метри од училишниот двор.
На снимката убаво се гледа дека кревкото девојче, заобиколено со десетина деца и притиснато до еден автомобил, без можност да избега или да се брани, е жртва на жестоко насилство.
Како што веќе објавивме оваа видео снимка на следниот линк беше поставена на социјалните мрежи – имаше преку 300 коментари на неа. А на описот за снимката пишуваше ,, браво горада сум на вас,,
ШОКАНТНО – КОЛКУ Е НАСИЛНА НАШАТА МЛАДИНА!!! ВИДЕО
Случајот е пријавен во полициската станица во Аеродром, а од Министерството за внатрешни работи велат дека се направени информативни разговори со насилничките.
Еден од родителите на четиринаесетгодишната тепачка, како што велат во МВР, се изјаснил дека инцидентот е резултат на недоразбирање на девојчињата. Сепак, потврдуваат дека станува збор за невообичаена тепачка оти учесничките се 14-годишни девојчиња.
Директорот на училиштето „Лазо Ангеловски“ вели дека е информиран за случајот, но не преземал поконкретни мерки оти главните актерки во тепачката лани го завршиле основното училиште.
– Го гледав видеоклипот. Да беа девојчињата с` уште ученици во училиштево, веројатно ќе добиеја казни кои се предвидени со Законот за основното образование, но казните најчесто се укор, намалено поведение и во крајна мера исклучување од училиштето, вели за Дневник Раде Жегарац, директор во училиштето.
Дневник