Наскоро споменик на Мајка Тереза – среќен сум што сум тука вие сте добри луѓе, вели Рој


Со симболично поставување плоча на плоштадот „Македонија“, попладнево беше означен почетокот на реализацијата на проектот за поставување спомен-обележје на Мајка Тереза. Споменикот ќе биде подарок од нејзината втора татковина – Индија, донација на компанијата „Сахара Индија“ на индискиот бизнисмен Субрата Рој, кој од вчера е во посета на Македонија.

gruevski_2501_g11Статуата ќе биде подигната во спомен и чест на  делото на скопската хуманистка и нобеловка за мир Мајка Тереза, која својата мисија за помош на сиромашните и болните ја извршуваше во Индија.

Не беа соопштени детали за изгледот и големината на споменикот, ниту кога ќе почне изградбата, но дека ќе биде монументално дело што ќе сведочи за нејзината пожртвуваност.

Субрата Рој и премиерот Никола Груевски во говорите истакнаа дека Мајка Тереза е инспирација и врска на двата пријателски народа.

gruevski_25011_g222– Она што ние и сите останати луѓе во светот можеме да го направиме за неа е сосема малку и сосема незначајно во споредба со она што таа го направи за нас и за сите следни генерации во светот. На нас,  на сите нас останува аманетот, потребата и желбата да ја ширимие нејзината мисла, да го чуваме нејзиниот спомен, да ги практикуваме нејзините желби и учења и да го продолжиме нејзиниот пат. Тоа е најмалку што можеме да направиме, истакна премиерот Груевски.

Во своето обраќање индискиот бизнисмен неколкупати истакна дека е среќен  што во нејзиниот роден град ќе подари споменик за хуманистката која лично ја познавал и се восхитувал на нејзината едноставност и грижата за најсиромашните, болните и отфрлените.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1