Наскоро во продажба Барбика – травестит


Барби куклата ја има во сите варијанти – од барби болничарка до барби спортистка. Е сега најново е што ќе има и  Барби – маж, односно травестит.

Компанијата Метел, која ја произведува популарната кукла, во каталогот ја понуди првата Барбика травестит. Името на куклата е The Blonds Blond Diamond Barbie Doll. Во нејзиното креирање учествувал модниот дизајнер Филип Блонд, кој и самиот се облекува во женска гардероба.

„Една од најубавите работи кај Барбиките е што тие и понатаму ги поместуваат границите. На неа баш и е гајле што другите ќе кажат“, изјавила Кети Клајн , претседател на маркетинг во Мател..
И Филип Блонд е со слично мислење.

„Модата е еден вид на самоизразување и веруваме дека секој треба да се чувствува гламурозно секој ден“, вели тој.

Куклата, на која со тешкотија ќе ги препознаете машките црти на лицето има руса коса и екстремно краток корсет фустан кој светка. Нејзиниот гламурозен изглед е надополнет со накит кој светка и сребрени чевли со розеви ѓонови. Драматичниот изглед е истакнат со бела бунда од лажна лисица, а со куклата добивате и вештачки трепки. Новата Барбика е опишана како „убава, провокативна и магична“.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1