Војни меѓу племиња, смрт на секој чекор и желба за одвојување на поделени региони. Така накратко изгледа Либија неполна година од убиството на Муамер ел Гадафи и на само 5 дена од првите „слободни“ избори кои се закажани за в сабота.
Последен во низата на борби помеѓу племињата беше борбата за градот Куфра на југоистокот на земјката каде загинаа 47 луѓе, а над стотина беа ранети. Судирите беа помеѓу племињата Табу и Завија.
Претставниците на Табу тврдат дека припадниците од другото племе гранатирале кон нив и тие морале да возвратат. Колкаво безредие е во Либија покажува и податокот дека една бригада на либијската војска која се наоѓала во тој регион не се ни обидела да интервенира и да го спречи судирок во кој беа повредени над 50 деца. Судирите на тие две племиња ја прикажува целата слика во која се наоѓа Либија во моментов, тврди политичкиот аналитичар Сукант Чадан.
Колкави се поделбите најдобро се гледа во Бенгази, град на истокот на земјата каде и што се ’роди’ побуната против Гадафи. Локалните власти во Бенгази бараат автономија на Триполи и најавуваат дека ќе ги продолжат претстојните избори-први по 47 години.Тие бараат источна Либија да добие поголем број на места во парламентот. Според изборниот законик за нив се предвидени 60 од 200 пратеници, па поради тоа во Бенгази пред неколку дена избија нереди. Тогаш 300 луѓенасилно упаднаа во зградата каде се чувал изборниот материјал кој го украа, го изнесоа на улица и го уништија.
„Бенгази се наоѓа во покраината Киренаика во која се наоѓаат дури две третини од вкупните пронаоѓалишта на нафта во Либија, токму поради тоа јасни се причините поради кои бараат автономија“ тврди политичкиот аналитичар Сукант Чадан.
Инаку Киренаика е една од трите провинции кои до 1963 година покрај Триполи и Фезан биле дел од некогапниот федерален систем на либија. Тие три области денеска практично се автномни делови на земјата иако Националниот совет де факто управува со Либија од погубувањето на Гадафи.На изборите во сабота право на глас имаат околу 3,4 милиони луѓе, а че се бира Национален конгрес кој ќе го одреди составот на владата и Уставната комисија.