Дел од состанокот на беше одржан во присуство на претставник на Украина, земја со којашто НАТО има потпишано договор за партнерство, како и со Русија.
Расмусен изјави дека НАТО има намера да разговара со Русија преки Советот НАТО – Русија. Прецизираше дека неколку земји членки го побарале состанокот меѓу претставниците на алијансата и Москва.
„Ја осудуваме секоја војна ескалација на Крим”, изјави Расмусен во неделата навечер по состанокот во седиштето на алијансата во седиштето во Брисел кој траеше девет часа.
Според него, руското воено ангажирање во врска со Украина претставува кршење на меѓународното право и е спротивно на принципите на Советот НАТО – Русија и Партнерството за мир, програмата на Алијансата со земјите од поранешниот Советскиот сојуз.
„Ја повикуваме Русија да ги смири тензиите. Ја повикуваме да ги почитува своите меѓународни обврски, да ги повлече своите сили во базите и да не интервенира на дури места во Украина”, додаде Расмусен.