Научете јазик за само 10 дена:Метод што го користи и ФБИ


Научните студии покажуваат дека учење на нов јазик меѓу другото помага да останат сеќавањата и природно да се подобрат мозочните функции. Моментално еден од водечките програми за сите кои сакаат да научат странски јазици е Pimsleur . Има традиција долга 30 години и е наменет за брзо учење на јазик, што го издвојува од методите што денеска се познати, а го користи и ФБИ.

pimsleurДоктор Пимслеур, творец на овој програм, специјалист во областа на применетата лингвистика, го посветил својот живот и кариера на учење на јазици. Открил дека ефикасна комуникација на било кој јазик зависи од ограничениот број на зборови и заблежал дека децата имаат неверојатна способност брзо да ги учат јазиците. Дали сте виделе двегодишник да учи граматика? Тешко. Децата учат слушајќи. Неговата замисла е дека возрасните можат со иста леснотија да научат нов јазик, баш како и децата.

Според д-р Пимслеур грешка е доколу  во својот вокабулар внесете многу нови зборови. Со тоа само го успорувате процесот на памтење на јазикот. Важен е мал фонд на зборови, тој дава рамка за забрзано учење на јазикот – не е работата во тоа колку зборови знаете, туку колку зборови може да користите.

Вашиот мозок е способен да научи нов јазик за 10 дена, тврди овој угледен лингвист. Потребно е само да го активирате. Ова е забавен и едноставен пристап кон учење со над 25 милиони корисници. Ќе го “впиете“ новиот јазик без читање, пишување или користење на компјутер. Потребно е да се опуштите и ќе ве води ауто-водич. Пакетот од 4 ЦД-а имаат своја хронологија со цел преслушаното да не се заборави и по само едно слушање.

Доколку се препуштите на методот на Pimsleur и не сте задоволни од резултатите, парите можат да ви бидат вратени.

Лидер.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1