Звучи како сцена од научнофантастичен филм, но научниците покрај големите достигнување досега, овој пат речиси и да се надминаа себеси. Дојде и денот кога може да се „хакне“ човековиот мозок и да се дојде до тајни информации за кои што исклучиво само поединецот ги знае.
Научниците создадоа направа со која може да се дознае бројот на пинот од банкарските картици, користејќи само сет за играње на видео игри.
Научници од Оксфорд, Калифорнискиот универзитет и универзитетот во Женева, веќе им успеа да „извлечат“ доверливи информации од луѓето, како што се кодови на пин или пак информации за состојбите во банка.
Како помагало им било доволно сетот за видео игри кои можат да се набават по цена од 300 долари.
Научниците земале комерцијален компјутерски интерфејс, кои им овозможува на корисниците интеракција да комуницираат со комјутерот преку мислите.
Тие потоа ги поставиле испитаниците пред комјутерот и им ги покажале сликите од банките, луѓето и броевите од пиновите.
Потоа ја набљудувале реакцијата на мозокот, а особено сигналот со име П300.
Овој сигнал, мозокот го испраќа кога човекот препознава нешто многу важно, како нешто или некој со кој е во редовна интеракција. Мозокот го емитува овој сигнал за време од 300 милисекунди по препознавањето.
Тим на научници ја искористиле сликата на Барак Обама како тест и утврдиле препознавање кај сите корисници. Им биле покажувани и слики од нивните куќи, како тест и утврдено е недвосмислено препознавање кај сите корисници. Покажувани им се фотографии на нивните куќи кои предизвикале слични реакции.
„Оваа направа има пристап до вашиот ЕЕГ (електроенцефалограмски) податок, а тие содржат извесни невролошки феномен, кој се поместува преку потсвеста“, вели Иван Мартиновиќ, професор на Катедрата за компјутеризација на Универзитетот во Оксфорд.
-Главното прашање кое сега се поставува е дали ова всушност претставува напад на приватноста“, додал Мартиновиќ.
Истражувачите утврдиле дека можат да ја препознаат куќата на 60 отсто од испитаниците, како и дека имаат 40 отсто шанси да го препознаат нивниот прв број на пинот.
Во извештајот научниците навеле дека П300 може да биде користен како еден од факторите при утврдувањето дали во свеста на луѓето постојат важни информации.
„Користењето P300 при истрагата би можело да им овозможи и откривање на потенцијални детали во криминалистиката, на пример работи кои што осомничените ги знаат, но не сакаат да ги откријат“, заклучуваат научниците.