Тим предводен од неврологот Емран Дизел од германскиот центар за невродегенеративни болести (DZNE) на субјекти им дале допамин, со што кај секого од нив им се подобрила меморијата за 20%.
Допаминот ја подобрува епизодната меморија. Иако веќе се става сомнеж дека хроничните болести кои влијаат на меморијата, како Алцхајмеровата болест, која делумно е предизвикана од преголем стрес, неодамнешните истражувања покажуваат дека постои хормон допамин кој што ја подобрува меморијата.
Истражувањата се покажале дека допаминот има ефект врз епизодната меморија која претставува дел од нашите капацитети да се сеќаваме на некој актуелен настан, кој е погоден од Алцхајмеровата болест.
Поради тоа што Алцхајмеровата болест ги напаѓа генерално постарите популации, спроведен бил експеримент меѓу испитаници на возраст од 65 до 75 години. Субјектите најпрвин им било дадено да погледнат црни, а потоа и бели фотографии од внатрешни и надворешни сцени По шест часа им биле дадени да погледнат уште неколку слики. Субјектите биле поделени во две групи, и им било побарано да ги воочат разликите од претходните слики кои што ги виделе. На првата група им бил даден допамин, додека на втората плацебо.
По второто гледање, двете групи покажале слични резултати Веќе во третото групата која што земала допамин постигнала за 20% подобри резулати, за разлика од групата која земала плацебо
„Кога спомените се кодирани, одредени промени се случуваат на нервните завршетоци, односно синапси. Ваквото активирање сепак е само привремено, а потоа состојбата на синапсите се враќаат во првобитната состојба. Допаминот овозможува новоформираните да синапси да се стабилизираат на подолг временски период.
Допаминот не е единствениот хормон кој што овозможува зајакнување на меморијата. Постојат исто така голем број на витамини и храна која може да ја подобри меморијата. Една студија покажала дека витаминот Б12 и фолната киселина може да ги зајакне краткорочните и долгорочните мемориски функции. Антиоксидната храна, вклучувајќи го зелениот чај, боровинки, и омега 3 масни киселини, исто така може да предизвика зајакнување на меморијата.