Научниците прават суперлеќи – со нив ќе се фотографира и скенира


Научниците во Јужна Кореја развиваат суперлеќи во кои ќе бидат вградени камери со чија помош ќе се фотографира со едноставно трепкање на очите.

lekjiНа институтот за наука и технологија во Улсан научниците интезивно работат на развивање леќи што истовремено ќе можат да фотографираат и скенираат сè што гледате. Научниците од сребрени нано жици креирале тенки, растегливи електроди што ги вградиле на леќите.

Тие ќе можат да се програмираат за да извршуваат различни задачи, а во иднина научниците се надеваат дека по скенирањето ќе можат да ги обработуваат податоците.

И други компании и институции како Microsoft и Универзитетот од Мичиген со години се обидуваат да го направат овој изум, но досега користеле помалку еластични и поскапи материјали кои не се совпаднале баш најдобро со леќата.

Научниците сè уште не ги испробале леќите на луѓе, но експериментот што бил извршен на зајак покажал дека по петчасовното носење на леќите не добил алергија ниту повреда на окото.

Научниците од Јужна Кореја се првите кои успеале да создадат флексибилен и транспарентен материјал што би можел да се користи во контактните леќи.

Kajgana

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1