Науката открила – од бебе се знае дали ќе сте дебели или слаби


Откриена формула со која може да се предви уште од најмала возраст дали кога луѓето во подоцнежниот стадиум од животот ќе бидат дебели или слаби.

Истражувањето е спроведено во Кралскиот колеџ во Лондон и е објавено во средата на интернет списание PLOS One каде што се нагласува предноста од ризичните фактори кои што во иднина би можеле да се случат. Формулата е лесна за користење и слободно може да имате пристап до неа преку обичен компјутер, а на лекарите може да им помогне да утврдат кои бебиња и нивните семејства би можеле да имаат корист од интервенциите насочени кон спречување на идни прекумерни тежини.

Студијата забележува дека јавно-здраствените напори да го поттикнат губењето на тежината кај веќе дебелите деца и возрасни луѓе, досега дале разочарувачки резултати.
Истражувачки тим од Англија анализирал 39 потенцијални ризични фактори, вклучувајќи и неколку генетски варијанти поврзани со дебелината. За ваквото истражување биле земени податоци од 4032 деца од Финска. Само неколку од овие фактори имале некаква поврзаност за предвидувањата. Интересно, генетските фактори не се покажале многу корисни во тој поглед.

Тимот тогаш создал формула околу ваквите фактори на ризик, со која е предвидена дебелината на финските деца на возраст од 7 до 16 години. Во клучните фактори биле земени во предвид тежината на бебето, индексот на телесната тежина на родителите, бројот на луѓето во домаќинствата, професионалниот статус на мајката и дали таа пушела во периодот на бременоста.

Авторите ја тестирале формулата и на 1503 деца во Италија, каде процентот на дебели деца е сличен со ононој во Финска, но каде културните околности кои би можеле да влијаат на тежината на детето биле сосема различни од испитаните. Загриженоста особено е истакната воАмерика каде исто така биле испитаните 1032 деца, а биле земени во предвид културните разлики но, сепак тежината на децата е далеку позабележителна од онаа во Италија и Финска.

Авторите истакнуваат дека ваквата формула ќе им помогне на лекарите при психолошкото советување на своите пациенти. Студијата покажува дека употребата на формулата може да биде клучна стратегија во борбата против дебелината на дебелеењето.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1