Чорапи за следење на отчукувањата на бебешкото срце


 

Студентите од Универзитетот Brigham Young развиле високотехнолошки чорапи за бебиња, кои служат за рано откривање на синдромот од изненадна на смрт на новороденчето.

Со помош на овие чорапи се мерат отчукувањата на срцето и неговото дишење, додека тоа спие.
„Owlet Baby Monitor“, како што студентите ги нарекле овие чорапи, се поврзани со паметен телефон, па така може да ги предупреди родителите доколку дојде до намалување на бројот на отчукувањата на срцето или ако се намали нивото на кислород во крвта, што ќе им дозволи на родителите навреме да реагираат.
Како што велат студентите, со години се далеку од комерцијално производство, но ја предаваат апликацијата за патенти и го усовршуваат производот.
Се надеваат дека во иднина нивните чорапи ќе ги намалат случаите на ненадејна смрт на новороденчиња .

„Се надеваме дека нашиот производ ќе им даде доволно време на родителите да реагираат пред да биде предоцна. Доколку и само една мајка каже дека нашиот производ направил некаква разлика, тоа ќе ни биде доволно“, вели Џејкоб Колвин, студент чија идеја се чорапите.
Неговиот тим, неодамна освои прво место и награда од публиката на студентски натпревар на иноватори што се одржал во Универзитетот Ira A. Fulton

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1