Што кажува Вашата коса и скалп за Вашето здравје


 

Дали лошата коса значи и лошо здравје? Дали Вашата коса се обидува да ви каже нешто за Вашето здравје? Можеби. Некои состојби и лекарства влијаат на Вашето тело но и на Вашата коса. Во други случаеви, можеби ќе биде само потребно повеќе да се грижите за косата и скалпот.

Погледнете ги следните насоки кои ќе ви ги дадеме за да ги одвоите митовите од фактите кога е во прашање здравјето и косата.

Првутот не претставува ризик за здравјето

Првутот не е заразен. Тогаш како го добивате? Докторите не се сигурни, но сметаат дека тоа е резултат на зголемен раст на габи. Други можни причинители можат да бидат мрсна кожа, стрес, гојазност, ладно и суво време и постоење на егзема или псоријаза. Иако е непријатен, првутот е безопасен.

 

Совети за справување со првутот

За да го намалите создавањето на мртвата кожа т.е појавата на првутот, користете шампон против првут секој ден. Оставете го шампонот да делува 5 минути, а потоа исплакнете. Можеби ќе биде потребно да пробате неколку брендови на шампони против првут додека го најдете оној кој е правиот за вас. Ако еден тип на шампон престане да делува, веднаш заменете го со друг. Ако оваа постапка не помага тогаш консултирајте се со лекар.

 

Жолт првут?

Ако парчињата првут што ги гледате се мрсни и жолти по боја, можеби имате себороичен дерматитис. Тоа претставува воспалителна состојба на кожата која може да се јави на места каде што има голем број на жлезди како што е скалпот и лицето. Иако себороичниот дерматитис е поврзан со хормоните, габите и дури со некои невролошки проблеми, се лекува исто како и првутот – со шампони против првут. Тешките случаеви на себороичен дерматит можеби ќе побаруваат и лекување со стероиди и антигабични лекови.

 

Може да ви паѓа косата повеќе отколку што мислите

Не е некоја точна мерка, но некои експерти пресметале дека дневно губиме и по 100 влакна. Тоа не е причина за аларм, ниту пак значи дека ќе оќелавите. Околу 90% од вкупно 100 000 фоликули продуцираат коса во секое време. Другите 10% се во таканаречената фаза на одмор или телогена фаза и таа коса отпаѓа по 2-3 месеци, се заменува со нова коса и циклусот на растење почнува одново.

 

Што го предизвикува паѓањето на косата?

Шоковите кои может да бидат приредени врз вашиот систем – операција, породување, лекарства, строги диети, тежок стрес, проблеми со тиреоидната жлезда – можат да ја стават Вашата коса во телогена фаза или фазата на одмор. По два месеца од настанот можете да забележите зголемено паѓање на косата и проретчување – состојба која се нарекува телоген ефлувиум. Во повеќето случаеви косата ќе почне да расте за брзо време.

Напад врз фоликулите на влакното

Кај алопеција ареата, имуниот систем по грешка ги напаѓа фоликулите на влакното предизвикувајќи изненаден косопаст. Повеќе луѓе имаат еден или два дела од скалпот зафатени од косопаст, но во некои случаеви може да се јави и паѓање на целата коса. Овој тип на алопеција не е опасна ниту заразна, но делува психолошки врз човекот. Косата може да порасне сама, а третманот за оваа состојба помага косата да се врати уште побрзо. За жал, кај некои луѓе оваа сотојба може да се повторува.

Гените се одговорни во 90% од машкото опаѓање на косата

Иако е наследна состојба, оваа особина може да ја имате наследено и од женска страна. Затоа, погледнете ја состојбата со косата на Вашиот дедо – татко на Вашата мајка, и видете каква иднина ви претстои. Машкиот тип на опаѓање на косата почнува кај залистоците, па на темето. За да ја успорите оваа состојба можете да користите лекови како миноксидил или финастерид.

 

Женски типови на опаѓање на косата

Опаѓањето на косата кај жените може да значи проретчување на косата низ целиот скалп. За разлика од мажите, жените скоро никогаш не оќелавуват и ја губат својата коса многу поспоро. Спротивно на народното мислење, долгата коса кај жените не дава поголема тежина на коренот на влакното предизвикувајќи зголемено опаѓање на косата. Миноксидилот може да помогне при оваа ретка состојба кај жените.

 

Избегнете го оштетувањето на косата од сонцето

Премногу сонце може да ја направи Вашата коса да биде кршлива и сува со врвови кои се двојат многу лесно. Ако веќе имате и ретка коса ризикувате и изгореници на скалпот. Користењето на средства за коса со заштитен фактор обезбедуваат делумна заштита за косата зошто неможете рамномерно да го нанесете препаратот. Затоа добра идеја е секогаш да носите капа кога се изложувате на сонце.

 

На косата и се потребни хранливи материи

Дали ризгорозните диети можат и да ја уништат Вашата коса? Во екстремни случаеви да. На вашата коса и се потребни протеини и железо за да остане здрава, заедно со омега-3 масни киселини, цинк и витамин А, но не премногу. Ниско-калоричните диети се дефицитни со хранливи материи и можат да го забават растот на косата.

 

Здрава исхрана за косата

Одржувајте ја Вашата коса во живост со јадење на лосос и ореви за омега-3 масни киселини, спањаќ и моркови за витамин А, бразилски ореви за селен и индиски ореви за цинк. Сите овие продукти ја чуваат косата, но и Вашето срце, така што го дуплирате ефектот за доброто на Вашето здравје.

 

Побелувањето на косата е генетски детерминирано

Побелувањето на косата не е секогаш поврзано со процесот на стареење. Ако немате ни 40 години, а веќе се јавиле белите влакна, тоа значи дека процесот е гентески присутен во Вашата фамилија. Седата коса не е знак за лошо здравје, но анемијата, проблеми со тироидната жлезда, дефицит на витамин Б 12 и витилигото можат да предизвикаат побелување на косата. Како решение секогаш можете да ја офарбате седата коса.

 

Тракционата алопеција ги оштетува фоликулите на влакното

Преголемото стегање на косата – како што се случува со врзувањето во репче или правењето на плетенки – може да ја оштети косата односно фоликулите на влакното, а со тоа и да се јави косопаст. Промената на животниот стил т.е на начинот на кој ја носите косата може да ја врати нејзината состојба во нормала.

 

Честото правење на фризури ја ослабнува косата

Сушењето со фен, пеглањето, фарбањето, користење на хидроген, па дури и честото чешлање можат да ја оштетат косата т.е надворешниот слој или кутикула на влакното. Кога ќе се оштети кутикулата, вашата коса изгледа суво, кршливо и остарено. Иако тешко можете да ја вратите првобитната состојба на косата, шишањето на оштетениот дел ви е единствена опција.

 

Масажата на скалпот е понекогаш многу добра

Не постојат докази дека масажата на скалпот ќе го успори процесот на опаѓање на косата, но може да направи чуда во однос на ослободување од стресот. Скалпот е прекриен со бројни нервни завршетоци што го прават супер-сензитивен на допир. Масажата на скалпот ја ослободува тензијата во Вашето тело. Масажата може и да предизвика лачење на хормони, како на пример серотонин и допамин кои ќе направат да се чувствувате добро.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1