Навивачи од Бугарија го блокираа патот Крива Паланка-Куманово


Навивачи од спортскиот клуб „Ботев“ од Пловдив, Бугарија, го блокираа магистралниот пат Крива Паланка-Куманово.

Според информациите од полицијата, утрово околу 3 часот автобус со навивачи на клубот „Ботев“ запреле на бензинската пумпа на обиколницата кај Крива Паланка, излегле и испишале навредливи графити. Тие залепиле и налепници со ознаката БГ и го продолжиле патот кон Куманово. Навивачите патувале кон Албанија.

Околу 4 часот биле запрени од полиција во Куманово. Бил извршен претрес во автобусот при што биле најдени докази дека тие ги напишале навредливите графити.

Кога се обиделе да бидат приведени настанала мешаница, и тие го блокирале патот Куманово-Крива Паланка.

Блокадата била отстранета утринава околу 7 и 45 часот, а сообраќајот е нормализиран.

Share Button
news MKD

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1