Група навивачи вчера враќајќи се од ракометниот натпревар меѓу Вардар и Магдебург претепале две момчиња од турска националност од Радовиш, јавува телевизија Алсат.
Според информациите на телевизијата, момчињата биле нападнати од група од 7 до 8 навивачи.
пренесени биле во болница, а едно од момчињата се здобило со тешки телесни повреди и е задржан на Клиниката за неврохирургија во Скопје. Лекарите за Алсат изјавиле дека не е во животна опасност, но поради внатрешно крварење, повреди на главата и скршена нога е задржан.
Од полицијата за Алсат изјавиле дека работат на расветлување на случајот.
Фото: Алсат