На финалниот натпревар во Кралскиот Куп кој се одигра на Бернабеу помеѓу екипите на Реал Мадрид и Атлетикo Мадрид, на трибината кадешто се сместени навивачите на Кралскиот клуб, осамна транспарент на кој стоеше: Kosovo es Serbıa.
Шпанија е една од ретките земји во Европа кои ја немаат признаено независноста на Косово, а доколку на тоа се додаде и податокот дека навивачите на Реал се познати по своите десно ориентирани политички ставови воопшто не треба да чуди ваквиот потег на навивачите од јужната трибина на Бернабеу.