Навивачка на Baltimore Ravens нема да ги бодри играчите на својот тим на финалниот меч на “Super Bowl” против Сан Франциско, бидејќи се здебелила цели 634 грама.
23-годишната Кортни Ленц (Foto), иако веќе 5 години е чирлидерка на “NFL” тимот од Мериленд, нема да настапува на финалето во Њу Орлеанс бидејќи не е избрана меѓу 32-те девојки, од вкупно 60 кои имаат потпишано договор.
Причината – се здебелила точно 634 грама и има 56 килограми, а тимот барал да има килограм помалку.
Од тимот се правдаат дека тоа не било пресудно туку однесувањето на навивачките минатата сезона – а токму Кортни веќе 5 години секогаш била во првиот тим кој настапувал на натпреварите.