Пејачка ја избричила главата зошто имала дечко, а не смеела (Видео)


За да се самоказни бидејќи го прекршила договорот во кој стои дека не смее да има дечко, јапонската пејачка Минами Минегиши, членка на женскиот поп состав “AKB48”, си ја избричила главата!
Минами им се извинила на фановите, семејството и менаџерите така што се избричила и целата уплакана видеото го постирала на Јутјуб.


MinamiПејачката има 20 години, а во популарниот бенд е од 13 години. Бричењето на главата е традиционален начин со кој Јапонците покажуваат каење.
Се уште се шпекулира дали таа самата се избричила или била приморана на тоа.

AKB48
“AKB48” е еден од најпопуларнијите јапонски бендови, во 2011. година остварил профит од 217 милиони долари, што е повеќе и од “U2”.
Во моментов има 100 членки кои се менуваат – а Минами и уште 4 пејачки се најдолго во групата. Но менаџерот рекол дека поради нејзиното недолично однесување нејзиното понатамошно членство во групата е доведено во прашање.

Пејачката има договор како и сите во кој е строго забрането да имаат момчиња за да би им биле попривлечни на публиката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1