Навредите и заканите ечат на благајните на пајак-службите


Неофицијалната статистика говори дека автомобилот на секој возач со неколкугодишно искуство барем еднаш завршил во депо на пајак-службата во главниот град. Нервозата на гневните граѓани поради плаќањето на казната за враќање на автомобилот редовно се истура на вработените. Според пајак-службите на ЈП „Градски паркинг“ и Паркингот на општина Центар (ПОЦ), насилните инциденти се ретки, но се случуваат. Полициското присуство во пајак-возилата и во депото е главниот фактор што има многу мал број физички инциденти, сметаат упатените.

pajak-sluzba– Човекот што требаше да плати казна пред мене за да си го земе возилото десетина минути се расправаше со благајникот. Тонот прерасна во врескање, а се редеа и најразлични пцости упатени кон сѐ и сешто. Без емоции и нервоза благајникот си седеше и го слушаше нервозниот возач. На настанот беше присутен и полицаец, но и тој не реагираше, бидејќи претпоставувам дека тоа им се случува секој ден. Човекот си плати и си замина, а јас по неговото „експозе“, иако бев подготвен да се карам, си платив без збор и си заминав – вели скопјанецот Никола Т.

Пцостите се секојдневие

Според информациите, пајак-службата на ПОЦ за последните две години има регистрирано четири насилни инциденти, а нивните колеги од „Градски паркинг“ едвај десетина.
– Често се соочуваме со револтирани граѓани, кои сметаат дека правилно се паркирани или, пак, сметаат дека е во ред да го загрозат нормалното одвивање на сообраќајот. Овој тип возачи често се подложни да направат инцидент, но со професионалниот и пред сѐ човечки однос што го имаат нашите вработени во пајак-депото опасноста да дојде до инцидент се сведува на минимум – изјави Саша Богдановиќ, директор на ПОЦ.

Пред неколку месеци, според Богдановиќ, граѓанин што отишол по своето возило најверојатно бил под дејство на алкохол и со претходни закани кон благајникот се обидел насилно да го земе возилото, при што лесно повредил еден од благајниците. Меѓутоа, бидејќи во депото биле присутни полицајци, ескалирањето на инцидентот било спречено веднаш.

Гневот е поради беспарицата

– Ризикот од инцидент, да не се лажеме, е поради глобалната беспарица, која сите ја чувствуваме во последните години. Сметам дека поради тоа се зголемува ризикот вербалните инциденти да прераснат во некој вид насилен конфликт. Заканите од страна на странките кон вработените се лекомислено кажани во афект и по согледувањето на состојбата најчесто сѐ се завршува мирно и нема потреба од дополнителни интервенции – рече Богдановиќ.

Слични се и кажувањата на надлежните во „Градски паркинг“, кои потврдија дека пет нивни вработени добиле телесни повреди во блиските средби со гневот на граѓаните.
– Она на што се изложени возачите на пајак-возилата и нивните помошници се вербални навреди, притисоци и закани, а во одредени ситуации има и физички напади врз нив. Досега петмина наши вработени добиле физички повреди од странки – изјави Андријана Тренкоска, портпаролка на ЈП „Градски паркинг“.

NovaMakedonija.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1