Назад во Косово: Масовно депортирање на косовски имигранти од ЕУ


Германија, Австрија и Швајцарија ќе организираат приоритетно депортирање на косовски емигранти кои последните месеци пребегнале во земјите од Европската унија, а според извори на весникот „Коха диторе“, трошоците на патувањето ќе ги покрие косовската Влада

Според нецелосните податоци, во текот на 2014 година илегално, без потребни патни исправи, во странство отпатувале повеќе од 20.000 косовски државјани.imigranti vrakjanje

Како што пишува „Коха диторе“, косовските граѓани кои емигрираат во странство во потрага по подобар живот создаваат непотребни трошоци за земјата бидејќи земјите членки на ЕУ нема да им дадат азил затоа што не постои ниту една причина за илегално емигрирање во земјите на ЕУ.

Германската амбасадорка во Косово, Ангелика Виетс, вчера изјави дека Германија ќе ги одбие сите барања на косовските државјани за азил во оваа земја.

Извор на весникот „Коха диторе“ откри дека Амбасадата на Косово во Германија ги контактирала авиокомпаниите од кои побарала да и направат понуда за транспорт на илјада емигранти од Германија за Косово.

– Амбасадата контактираше неколку авиокомпании од кои сакаше да ја дознае цената за авионското враќање на илјада емигранти. Не ми е познато дали веќе е избрана компанијата, но познато е дека сметката ќе биде платена од косовскиот буџет, изјави изворот на весникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1