Не е до вас – Фејсбук се успорува – поради безбедност било


Доколку фејсбук ви се успори, тешко се полни или кочи – не е до вас и вашиот компјутер, до нив е. Како што јавува CNN фејсбук е во фаза на селење на сите свои корисници кон интернет конекција кон мрежата која била побезбедна, но поспора.

Според плановите сите пристапи кон фејсбук ќе се HTTPS, досега имаше по избор и ова но и HTTP ( нормална конекција). Оваа  HTTPS конекција е побезбедна и се користи кога треба да се внесат информации од кредитна картичка или пасворд лозинка – ќе ја препознаете така што мала икона (lock icon) се појавува во броусерот.

Оваа конекција е поспора но Frederic Wolens од Фејсбук изјавил дека се обидуваат да сторат се што можат тоа да не е осетно. Дали сте на HTTPS или на HTTP можете да видите во browser прозорчето каде вкуцувате фејсбук – пример може да стои https://facebook.com.

Gmail, веќе одамна користи HTTPS  за конекциите на своите корисници.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1