Не е само името – Грција сака да ни направи и лоботомија – и пречеле и картите на Македонија од пред 100 год


Грција си се издаде – по името и идентитетот сега сака да ни направи и лоботомија да ни ја избрише историјата. Им пречело што во училиштата и книгите има карти на кои е прикажана Македонија пред 100 години односно пред Букурешкиот договор.

greece-thumbs-downСо каква позиција Грција настапи на последната рунда разговори за името во Њујорк ? Одговорот на ова прашање во грчкиот парламент денеска го даде заменик шефот на дипломатијата Циарас, одговарајќи на пратенички прашања, па според кажаното, нема апсолутно никаво поместување од грчката максималистичка позиција, јавува дописникот на МТВ од Атина.

“Овој одговор е суштински за вас: ерга омнес име, што ќе се користи од сите и за секоја употреба”, истакна Цирас од говорницата на парламентот, одговарајќи на прашање на партијата на “Независните Грци”.

“Сакаме тоа решение да содржи јасна и дефинитивна определба на име кое што нема да остави простор за сомнеж за разликата меѓу територијата на Скопје и регионите во соседните земји, особено во регионот на Македонија во Северна Грција”, рече Цирас, нагласувајќи го веќе добро познатиот факт дека за јужниот сосед не е проблем само името, туку дека има и “останати прашања” што според нив ќе се решеле откако ќе се постигнело решение за името.

karta makedonija cela

Додека шефот на грчката диполамтија промовира книги и мапи за наводниот грчки карактер на регионот Македонија – за јужниот сосед провокација биле наводните мапи што циркулирале наоколу, а на кои наводно била прикажана голема Македонија која вклучувала територии надвор од како што рече Цирас – “Скопје”, односно кои што вклучувале делови не само од Грција, туку и од Бугарија и од Албанија. Сепак, Циарас не појасни дека единствените карти на кои може да се види ваков приказ, се всушност карти што датираат од пред 100 години, односно од периодот пред Букурешкиот договор и поделбата на Македонија и дека во ниту еден случај не станува збор за нови карти.

Сепак, за Цирас спорно било што македонските ученици воопшто имале контакт со ваквите карти кои што се автентичен приказ на еден историски период, зошто според него тие промовирале иредентизам.

“Јасно е дека овие предизвици ја загадуваат сегашноста и иднината на нашите билатерални односи, спортивно на концептот на добрососедските односи. Овие факти се гласвните поенти на грчката влада пред меѓународната заедница за проценување на однесувањето на Скопје, во однос на перспективата за приклучување кон Европската Унија и НАТО”, тврди Циарас.

 Извор – МТВ

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1