Лушпите од јајцата можат да се искористат на многу начини, наместо да завршат во ѓубре, што повеќето од нас тоа го прави. На некои од нив лушпите им донеле дури и вистинско мало богатство.
На ова место ви претставуваме неколку начини на кои можете да ги користите лушпите од јајцата.
1. Соединение против иритација и чешање на кожата
Лушпата од јајцето се топи во мала стаклена тегла од јаболков оцет. Процес на топењето трае 2-3 дена, а ќе добиете смеса која можете да ја користите за блага иритација на кожата и чешање, вклучувајќи ги и каснувањата од инсектите, на пример комарците.
2. Зацврстување на кожата на лицето
Наместо скапи козметички препарати, за зацврстување на кожата на лицето можете да го употребите овој препарат. Исушените лушпи од јајцето добро истолчете ги со толчник, а потоа правта која на овој начин се создава изматете ја заедно со белка од јајце. Маската ставете ја на лицето, оставете ја нека се исуши, а на крајот исплакнете го лицето.
3. Миење садови
Ситно скршените лушпи од јајцето, заедно со водата во која има малку сапун можете да ги користите за чистење на предмети како термос шишиња и тегли, а исто така можат да помогнат и како абразивно средство за чистење тенџериња и тави по пржење, итн.
4. Подготовка на десерти
Вашите гости сигурно ќе бидат пријатно изненадени ако им го послужите вака подготвениот десерт. Во лушпата на јајцето ставете желе или чоколаден крем и додатно украсувајте според лични интереси. Визуелниот впечаток ќе биде одличен!
5. Природен водоводџија
Држете неколку здробени лушпи од јајцето во цедалката на вашиот мијалник. Тие на природен начин ќе го спречат заминувањето на непотребните материи преку одводната цевка, а исто така со време ќе се раздроби и ќе го помогне природното чистење на цевката, така што многу ретко ќе треба да повикувате водоводџија.
6. Семеен лекар
Супер тенка мембрана во внатрешноста на лушпата на јајцето поодамна во целиот свет веќе долго време се користи како домашен лек за широк спектар на болести, од лекување на исечениците до третманите на зараснатите нокти. Природен glaster, така да се вика.
7. Подобар вкус на кафето
При подготовка на вашиот омилен пијалок многумина варат лушпи од јајцето заедно со кафето, за да го “убијат” горчливиот вкус во овој пијалак и постигнат подобар вкус.
8. Одгледување на цвеќе
Земјата во која одгледувате цвеќе ќе биде поплодна ако во неа ставите лушпи од јајце, заради калциумот, кој го нема често во земјата. Покрај тоа, здробените лушпи од јајцето бркаат и некои инсекти штетници.
9. Уметнички дела
Постои цела уметничка насока во која за создавање дела се користат скршени лушпи од јајца. Некои своите слики успеале да ги продадат за доста пари, а како тоа изгледа во примерот, погледнете на fotografiji.hands_horizontal.