Не можам да ги убијам своите деца – близначиња со споено срце не можат да се раздвојат


Палестински близначиња кои ги делат срцето и други витални органи се вратени дома, откако израелските лекари заклучиле дека не можат да ги раздвојат.

bebinja2Мајката Басама Бреивеш дошла во болницата во Хеброн три дена пред пораѓањето во универзитетската болница Хадас во Ерусалим, а нејзината одлука била да се врати дома бидејќи израелските специјалисти ѝ рекле дека не можат да ги спасат близначињата.

34-годишната мајка знаела дека ќе роди споени близнаци уште во првото тромесечjе од бременоста, но одбила да абортира бидејќи е посветена на верата.

„Јас сум религиозна жена и не можам да ги убијам своите деца. Среќна сум што ги донесов на свет и сега Божја работа е да ги одржи во живот“, изјавила мајката.

bebnja1Таа додава дека со неа во Израел добро се однесувале, но решила да се врати дома за да биде поблиску до останатите деца.АП наведува дека, според податоците од медицинскиот центар на Универзитетот Мерилен, на секои 200.000 пораѓања се раѓаат споени близнаци.

Голем дел се раѓаат мртви момчиња, а ¾ се девојчиња и се споени барем делумно кај градите и ги делат внатрешните органи. Шансите за успешна операција и преживување се поголеми доколку имаат одвоени органи, велат експертите.

Израелската болница прецизираше дека палестинските девојчиња не само што го делат срцето, туку и црниот дроб и други внатрешни органи, и дека не би преживеале ако се раздвојат.

to

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1