Неверојатна животна приказна – по 50 год дознала дека синот не и е син (Видео/Фото)


На Честер и Дори Фронцзак им е украдено детето од породилното пред речеси 50 години. Година дена подоцна детето е пронајдено и вратено на семесјтвото.

2dora

Но Пол кој е сега возрасен се соочил со шок како и неговите родители кога по ДНК анализа се покажало дека не се во никакво крвно сродство – и тој не е нивното киднапирано дете. Кој е Пол и каде е киднапираното дете – сега е енигма.

Пол Фронцзак како новороденче бил одземен од рацете на мајка му во болницата каде што се родил. Дошла жена облечена како медицинска сестра и рекла дека го носи бебето на преглед – го зела и излегла од болницата. Случајот кренал голема медиумска галама. Година дена подоцна момчето е пронајдено и вратено на родителите. Барем тогаш се мислело така

Сега, речиси 50 години подоцна, Пол дознал дека не е во крвно сродство со луѓето на кои им бил вратен во 1965 година, пишува „Дејли меил“.

DORA

news_113391Пол вели дека некој внатрешен глас му велел дека нешто не е во ред, па посакал да направи ДНК тест. Тестот покажал дека не е во крвно сродство со луѓето кои цел живот ги нарекувал родители – Честер и Дора Фронцзак. Не му останувало друго, освен да им ја каже веста на родителите кои го израснале, и кои сега имаат околу 80 години.

Полицијата пронајденото дете го споредила со Пол само според една фотографија, односно по обликот на ушите на изгубеното и пронајденото дете.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1