„Не прегази и избега, не остави да лежиме во крв“


Од ударот летнавме неколку местри и паднавме во тревник, бев преплашена бидејќи мојата другарка не мрдаше, раскажала за српски Блиц 17-годишната Сара Марјановиќ, која заедно со својата дргарка Милица Спириќ сноќа беа удрени од непознат возач во Земун.

Таа додала со нејзината пријателка шетале кога со голема брзина на нив налетал автомобил и ги удрил.

pregazenata500

– Крварев обилно од носот, а Милица лежеше на тревата без свест и не се помрднуваше. Возачот само додаде гас и избега, изјавила Сара, која по укажаната лекарска помош во болницата во Земун е пуштена на домашно лекување. Таа се здобила со скршен палец, повредена тртна коска и оток на окото. Нејзината пријателка Милица поради тешките повреди се наоѓа во вештачка кома.

– Заедно со Милица и уште 4 пријатели излеговме на прошетка. Одевме на работ на патот бидејќи нема тротоар. Одеднаш слушнавме звук на автомобил и видовме дека се движи со огромна брзина. Се обидовме да го избегнеме, но тој буквално не собра и не отфрли на тревникот. Ударот беше страшен, целата бев во крв, но повеќе се плашев за Милица која не се помрднуваше, додала Сара.pregazeni500

Нивните пријатели почнале да врескаат и притрчале да им помогнат на Сара и Милица.

– Сите бевме преплашени, буквално се тресевме од страв. За среќа набрзо наиде еден човек со автомобил и не одвезе во болница. Милица се уште беше без свест, а Сара повраќаше во автомобилот. Кога отидовме во болницата Милица ја ставија на скенер и ни кажаа дека е во вештачка кома. Само да оздрави што побрзо, изјавила една од пријателките на Сара и Милица.

Мајката на тешко повредената Милица изјавиле дека ќе направи се за возачот да биде уапсен и да ја добие заслужената казна за тоа што го направил.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1