Не се карајте со полицајците – нема паркирање во селото Лешок денес


 

,, Им советуваме на граѓаните кои ќе одат во Лешок денеска на празнувањето на Голема Богородица, да се воздржат од непотребни расправии и да не го нарушуваат јавниот ред и мир, паркинг во селото нема, но обезбеден е паркинг за сите кои ќе дојдат,, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Ќе имаат обезбеден бесплатен паркинг веднаш до регионалниот пат Тетово-Јажинце, на самиот влез во Лешок. Едниот е бесплатен, а приватно лице ја дали својата нива за оваа намена. Ќе има и други паркинзи на кои ќе се наплаќа соодветен надоместок.

Од полицијата апелираа до граѓаните целосно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ги оставаат возилата незаклучени или непрописно паркирани.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1