Не се мажам на 11 години – Попрво ќе се убијам!


-Точно е дека побегнав од моето семејство. Повеќе не можам да живеам со нив. Доволно беше. Сакам да одам да живеам со мојот вујко. Што е со невиноста на детството? Што лошо направиле децата? Зошто ги присилувате да стапат во брак на овој начин?

Ова е дел од обраќањето на 11-годишната Nada Al-Ahdal од Јемен кое деновиве се најде на интернет мрежата. Девојчето чија приказна сè уште е мистерија зборува во видеото дека решила да избега од дома бидејќи не сака да ја омажат за старец на толку рана возраст. Таа дури ја пријавила својата мајка во полиција бидејќи верува дека бракот ќе и го уништи животот.

-Нема да имам живот, нема да имам образование. Дали воопшто имаат сочувство? Подобро е да сум мртва. Попрво би умрела. Попрво ќе живеам со вујко ми отколку со тие луѓе. Тие ми се заканија дека ќе ме убијат ако одам кај вујко ми. Каков тип на луѓе се тоа што им се закануваат на своите деца?! вели таа и додава дека попрво би се убила, отколку да стапи во брак.

Според законот во Јемен девојчињата може да стапуваат во брак на било која возраст, па токму поради тоа дури 52 отсто од нив веќе се мажени до својата 18-та година. Иако според истиот закон сексуалниот чин се забранува сè додека детето не биде во пубертет, многумина го игнорираат тоа.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1