Не се потсртижил повеќе од седумдесет години бидејќи мисли дека ќе се разболи


Виетнамецот Нгујен Чиен (85) има коса долга дури 4 метри која е тешка дури два килограми. Последен пат се пострижил во основно училеште, по што се разболел. Од тогаш одбивал да отсече дури и милиметар коса.

Сепак, овој старец е многу витален и здрав. За читање и пишување се уште не му се потребни очила, а секојдневно се занимава со физички активности, како што е копање на бавчата и сечење дрва.

Последните 30 години старецот не ја ни измил косата, бидејќи почнал да добива главоболки и вртоглавоцо кога цела „грива“ му била водена. Наместо да ја мие, своето теме го масира со масло кое го мие со малку вода.

Интересно е тоа што последните 70 години немал никакви здравствени проблеми. Некои би рекле дека тоа сепак е поради неговата исхрана која вклучува само овошје и зеленчук, но Виетнамецот смета дека тоа е поради неговиот „змејовски опаш“, како што ја нарекол неговата 4 метри долга коса.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1