,,Мрдни се ма да седнам,, – и рекол дедото на девојката, по што следела жешка кавга, a накрај и физичка пресметка.
Инцидентот се случил некаде околу пладне вчера во автобус број 56 во близина на Ада Циганлија во Белград. Главни актери еден дедо и една девојка. Се скарале околу место за седење во автобусот.
– зошто ма не се помрднеш, неможам да пројдам да седнам – бесно и се обратил дедото на девојката.
По ова девојката му вратила дрско и жарчето се запалило – кавгата се разгорела. Летале пцовки и навреди по што во еден момент дедото ја удрил девојката и тоа неколкупати во главата. Таа не останала покусо, силно го гризнала за раката.
Според очевидците кои приказната ја раскажале на новости.рс тоа траело едно 5 минути по што дедото си седнал, но страстите не се смириле. си дофрлувале, си кажувале сочни пцовки се вмешале и други патници кои навивале за едниот или за другиот бодрејќи ги – на крајот пресекол возачот. Се заканил дека ќе го споре автобусот и нема да вози, по што атмосферата во автобусот се смирила.
Сличен инцидент но фала богу малку поцивилизиран се случи и кај нас пред некој ден. Но ние барем се уште не сме стигнале до тепање и гризење.
Еве ја информацијата за кавгата во автобус во Скопје меѓу дедо и млада девојка.