„Не сум педофил, со Наталија се сакаме и ќе се земеме“


Триесет и седумгодишниот Ненад Стефановиќ од српското село Крива Феја во петокот е уапсен во Врање, откако бил фатен како пред основно училиште се бакнува со седмоодделенката Наталија С. (13).На Стефановиќ му е одредена мерка притвор од 30 дена. Скандалот што деновиве ја тресе Србија почнал пред неколку дена, кога тој 20 минути пред училиштето го бакнувал и допирал девојчето.pedofil-srbija

За српските медиуми, мајката на Наталија зборува дека целата голгота за неа и нејзиното дете и семејство почнала во јули оваа година кога во полицијата го пријавила исчезнувањето на својата ќерка.

– Со Ненад се запознала преку „Фејсбук“. Отиде кај тетка ѝ, но не се вратила дома бидејќи Ненад ја однел во Врањанска Бања и сакал да се ожени за неа. Сето тоа го спречила полицијата веднаш по мојата пријава и јас се надевав дека педофилот ќе биде затворен. Да бев закон веднаш ќе го обесев – раскажува очајната мајка.

Меѓутоа, обвинителството тогаш донело одлука да не покрене кривична пријава.2dete-1

– Таа е дете, џабе ѝ зборуваш кога тој ја заведува пред училиште. За среќа, не биле заедно. Таа вети дека нема повеќе да се гледа со него, но… Тој ѝ купува подароци, од играчка до парфем. И другарките ѝ зборувале и сè прифаќаше, додека тој не се појави – раскажува мајката.

Мајката зборува дека манијакот повтроно го пријавила в полиција кога нејзината ќерка се обидела во понеделникот да се отруе.majka-2

– Таа се уплаши дека Ненад ќе нè убие. Купила „ аналгин“ и испила неколку таблети. И мене, верувајте, ми е страв од манијакот, страв ми е да излезам до продавница. И мојот сопруг има здравствени проблеми, само што излезе од болница – зборува мајката.3dete-1

– Ја носиме и ја враќаме од училиште одиме кај педагози и писхолози, сегде само за да ја спасиме нашата ќерка – зборува мајката.

Стефановиќ пред обвинителството е сослушан во саботата. Тој рекол дека со Наталија се сакаат и дека кога – тогаш ќе се земат.

– Уште од летово ги подготвив кумовите, сатаросватот и нема да се откажам . Ако мора, ќе почекам да заврши основно училиште – рекол Сревановиќ вчера пред обвинителството.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1