Не трујат: Прочитајте што содржи вашата крема – еве со што не труе козметиката


Хемикалиите кои се содржат во бројни козметички производи, се наменети за продолжување на рокот на траење, а водено дел од нив се штетни за нашето здравје.

Што се парабени? Тие се денес синоним за опасност и сериозни болести. Тоа е причина зошто познати компании силно нагласуваат дека нивните производи се без парабен. А што се всушност тие и зошто се наоѓаат во нашите козметички производи?kozmetika_krema

Парабените се хемиски конзерванси што се користат за да го продолжат рокот на траење на козметичките производи и да го спречат растот на микроорганизми. Во козметиката започнале да се користат во 30-тите години на минатиот век. Од тогаш може да се пронајдат во шампоните, кремите, руменилото…Немаат боја, вкус, ниту пак мирис.

Произведувачите ги сакаат бидејќи се евтини и овозможуваат нивните производи да траат подолго. Но, здравјето не ги посакува. Бројни истражувања покажуваат дека се многу штетни, а пред две години било спроведено големо истражување кое ја вознемирило светската јавност. Имено, тоа било првото истражување кое ја открило поврзаноста меѓу парабенот и ракот на дојка. Научниците предупредуваат дека е неопходно да се спроведат дополнителни истражувања со цел да се откријат точните причини за поврзаноста меѓу опасните хемикалии и развојот на канцерогени ќелии.

Поради лошиот „углед“ парабенот започнува да се избегнува последниве неколку години, па затоа сега се нагласува дека „производот не содржи парабен“.

365.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1