Кога го триете лицето со влажни марамчиња, всушност ја растегнувате кожата што може да доведе до прерана појава на брчки. Иако по состав се слични со гелот за отстранување на шминката, содржат и алкохол кој ѝ штети на кожта.
После вадењето на шминката со влажни марамчиња секогаш би требало да се измиете со чиста вода, тврдат британските дерматолози. На лицето секогаш остануваат траги кои постепено ги затвораат порите, ја сушат и иритираат кожата.
Кога го триете лицето со влажни марамчиња, особено пределот околу очите, всушност ја растегнувате кожата што може да доведе до прерана појава на брчки. Иако по состав се слични со гелот за отстранување на шминката, содржат и алкохол кој ѝ штети на кожта. Затоа користете ги само тогаш кога баш морате, на патување, кампување или во теретана.
Експертите предупредуваат дека влажните марамчиња би требало да ги избегнуваат личностите со сува и чувствителна кожа, оние кои имаат екцеми или росацеа, затоа што и најмалата иритација може да започне воспаление.
Ако сте навикнати на овој брз и едноставен начин на чистење на лицето, избегнувајте го делот околу очите и устата. После користење задолжително измијте се и нанесете хидратантна крема. Избегнувајте ги марамчињата со парфем затоа што имаат агресивни состојки.
Portal.com.mk