Водителот Огнен Јаневски, за време на снимање на прилог, осема случајно, ја сретна Вања Лазарова во Домот за згрижување стари лица „Милица”, на излезот од Кисела Вода кон Припор, во Скопје.
Но, да се замислиме – со што заслужила Вања Лазарова да живее во дом (да не се сфатиме погрешно, жената е презадоволна од условите каде што живее и од персоналот, не е лошо тивко и мирно да заврши меѓу други стари лица, далеку од лудилото и динамиката на секојдневието – каде што повторува дека и е убаво), но, со ниска пензија (нема ни 10 илјади), без национална пензија и заслуги, какви што имаат други изведувачи и уметници во Република Македонија (Есма, Милчо Манчевски и останатите)?
Се огласија од Министерството за култура – Легендата на македонската музика Вања Лазарова ќе добие национална пензија.
Барањето на Лазарова и било одбиено поради тоа што, таа досега немала добиено државна награда и не и бил доделен статус на национален уметник.
-Согласно законот, уметникот мора да има добиено државна награда и затоа за Вања Лазарова ќе се поднесе иницијатива да ја добие наградата „11 октомври“ со што ќе ѝ следува пензија, објаснува портпаролката на министерството за култура Татјана Блажевска.
Не одби да отпее и некоја песна, со оној нејзин епски и исконски трогателен глас од кој од убавина минуваат морници по телото.