Aпликацијата NowPark.me овозможува да се реши големиот проблем со паркинг-местата во нашата метропола.
Познато е дека во Скопје постојат околу 200.000 автомобили, а има 20.000 расположиви паркинг-места, така што оваа апликација би требало да овозможи полесно наоѓање на најблиското паркинг-место во реално време.
Апликацијата овозможува интеракција меѓу корисниците, односно приватни лица да можат да го нудат своето слободно паркинг-место на корисници на кои ќе им биде потребно.
NowPark.me е изработена од студентите Јордан Крстевски и Ивана Талевска и е првонаградена на Хакатонот – Мајкрософт.