Ванхауте: Ако не се исполнат обврските од договорот, ќе нема избори во април


„Ако не се исполнат обврските од договорот, ќе нема избори во април“, порачува посредникот во преговорите, Питер Ванхауте. Според него, обврските од Пржино се добри, но, партиите не биле подготвени за отстапки. „Тие мора да научат да преговараат и дури потоа можеме да очекуваме напредок“, вели белгискиот медијатор Питер Ванхауте

Според медијаторот, ако на почетокот на ноември не се формира Државната изборна комисија и не се реализира Законот за специјалниот обвинител ќе се доведе во прашање валидноста на договорот.vanhaute

„Ако доколку нема компромис меѓу партиите ќе има сериозен одговор од ЕУ и САД, како и сите други земји кои будно го следат процесот“, вели тој со појаснување дека тоа не значи дека меѓународната заедница се откажува од разрешување на политичката криза и дека ќе претстојат нови преговори со политичките лидери.

Ванхауте не знае дали немањето решение за политичката криза ќе доведе до негативен извештај  од Европската Комисија. Според него договорите од втори јуни и 15 јули се добри, но, партиите не биле подготвени за отстапки.

„Тие мора да научат да преговараат и дури потоа можеме да очекуваме напредок“, вели белгискиот посредник. Сепак тој не губи надеж и останува во земјава. Најави дека работните групи продолжуваат со работа, а најдоцна утре се очекува Законот за изборниот законик да се најде во парламентот.

Партиски извори информираат дека Македонија може да ја изгуби препораката од Европската Комисија поради неисполнување  на договорот од Пржино, кој СДСМ сака да го опструира поради страв од избори. Проценките се дека опозициската партија смислено ги минира преговорите за да му даде алиби на странскиот фактор за одземање на препораката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1