Неандрталци живеле паралелно со човекот во Иберија – се истражуваат


Теоријата дека последните неандерталци, Хомо-неандертаците опстоиле во јужна Иберија, во исто време со современиот човек, Хомо сапиенс- во северниот дел на полуостровот, е широко прифатена од страна на научната заедница, во текот на последните 20 години. Со своја меѓународната студија, се произнесоа и истражувачите од Шпанскиот Национален Универзитет.


52421_web„Многу веројатно е дека последните неандерталци во централна и јужна Иберија опстоиле во периодот пред 30,000 години“, вели Јесус Јорда истражувач од одделот за праисторија и археологија на UNED и ко-автор на студијата објавена во Зборникот на Националната академија на науките (PNAS).
Последните неандерталци ја поминале јужна Иберија многу порано отколку што претходно се мислело, односно пред 45,000, а не пред 30,000 години, како што се проценувало до неодамна.

Неандерталците, дури и ако би го преживеале последното ледено доба, тие би биле асимилирани или убиени. Последните генетски анализи покажале дека модерните Еуро – Азијци имаат 1- 4% неандерталска ДНК во нивниот геном, укажувајќи дека двата вида можеле и навистина се мешале (се размножувале меѓу себе). Неандерталците имале многу помала почетна популација од Хомо Сапиенс, така што ако Неандерталците се чувале во затворени средини, луѓето би ги надвладеале со зголемената популација далеку пред доаѓањето на модерното време какво што го познаваме денес.

Истражувачите на Шпанскиот Универзитет учестуваат во ископувањето на два археолошки локалитети во централна и јужна Иберија. Сепак новите добиени податоци ставаат сомнеж за теоријата која вели дека хомо сапиенс и неандерталците коегзистирале во Иберија за време на Горниот плеистоценот.

Научниот тим на истражувачи од британскиот Универзитет во Оксфорд, Националниот институт во Австралија, Шпанскиот Универзитет Ла Лагуна во Тенерифе, Археолошкиот музеј на Луцена во Кордоба и Националниот музеј за национална историја во Париз, ја применуваат новата техника со цел да ги утврдат анализите во градовите Jarama VI (Гвадалахара) и Zafarraya (Малага) каде што се пронајдени последните два од иберските неандерталци.

homo-sapiensНа вообичаениот метод за прочистување на примероците додаден е и протоколот на ултрафилтрација, кој има за цел да ги прочисти примероците, коските од разни загадувачи. Со ваквиот нов метод, научниците се уверени дека окупацијата на градовите се одвивала далеку преходно во минатото пред 45,000 години.

Проблемот со ваквиот нов метод е тоа што не може да даде веродостојни податоци за датуми постари од 50,000 години.

Дополнителен проблем е контаминацијата на постарите примероци. Доколку примероците не се целосно прочистени, добиените податоци можат да бидат неточни и да извлечат погрешни информации за датумите.
Во поглед на добиените нови податоци, според Јесус Јорда, истражувачот од одделот за праисторија и археологија на Шпанскиот национален Универзитет, ќе биде потребна ревизија на кингите со праисториска содржина.

Сепак и покрај тоа што е контроверзно да се смени теоријата на сила, за новиот концепт, кој покажува нови податоци, кои велат дека Неандерталците и Хомо сапиенс не коегзистирале во Иберија, Јорда вели дека треба да се почекаат резултатите и да се утврди точноста на оваа хипотеза.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1