Неда Украден ќе се мажи повторно – еве кој е идниот маж!


Во интервју за српски „Блиц“, легендарната Неда Украден открила дека наскоро ќе стапи во брак и дека на нејзиниот маж во кревет не му се потрбни никакви дополнителни стимуланси.

Иако е на прагот од седмата деценија, пејачката рекла дека периодов има повеќе обожаватели отколку во младоста.
neda ukraden
– јас сум некој кој ја брише границата меѓу младите и старите. Денес, верувајте ми имам повеќе додворувачи од кога имав 25 или 30 години. навистина, тоа не е лага, – рекла Неда, додавајќи… Да ви ги покажам своите пораки од познати и непознати луѓе, навистина ќе се изненадите.

Новинарот ја прашал дали е поласкана што во минатото гласела за жена која била најпосакувана од страна на политичарите, на што пејачката одговорила дека политичарите никогаш не ја интересирале.

– Со политичарите никогаш не сум се дружела многу, а на Тито му пеев десетина пати. Тоа беше моја обврска. Што се однесува до машкиот род, не знам дали некој имал повеќе обожаватели од мене, – заклучила Украден.

За својот партнер не зборувала многу, освен што истакнала дека не е позната личност. Го коментирала и сексуалниот живот, велејќи дека не и е потребен секс преку мобилен или пак голи фотографии.

– Не ни требаат никакви дополнителни стимуланси за да ни биде добро, заклучила пејачката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1