Неда Украден се закани: Или секси улога, или го напушта ТЛЗП


Како музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ се приближува до крајот, продукцијата почна да ги доделува имитациите кои ќе се изведуваат во полуфиналето, поради што Неда Украден направи скандал.

neda.jpg500

Таа направи скандал кога разбра дека во полуфиналето доби да го имитира Павароти, така што почна да беснее и да вика. Исто така се закануваше дека ќе го напушти шоуто ако не и доделат некој секси улога.

– Неда извлече во полуфиналето да го имитира оперскиот пејач Павароти. Таа во миг почна да вика, прашуваше дали намерно и даваат машки улоги и така ја саботираат. Велеше дека не сака веќе да биде во машки улоги, и дека и е доста да глуми колеги. Долго време се расправаше со продукцијата, заканувајќи се дека ако не ја сменат улогата, таа ќе го напушти шоуто, а тие нека и објаснуваат на медиумите и на публиката зошто тоа се случило. Викаше: Не сакам бре веќе да бидам Шабан, Павароти, сакам да бидам, на пример Мадона. Баш беше лута. Остави продуцентите да размислат и да видат што ќе направат во врска со тоа – рече добро известен извор.

Ова не и е прв пат на Неда да се буни околу имитацијата, веќе еднаш направи скандал кога требаше заедно со Иван Јевтовиќ да се најде во улога на Аца Лукас и Ивана Селаков.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1