Неда Украден: „Загрозена ми е безбедноста поради селфито со Уснија“


Поминаа неколку недели откако Неда Украден ја објави спорната фотографија со покојната Уснија Реџепова, а  критиките кон пејачката сè  уште не стивнуваат.neda ukraden

– Јас сум некој што на омраза не одговора со омраза. Во мојата писмена изјава доволно кажав. На сите тие што имаат темни мисли и негативно го протолкуваа моето однесување јас не можам да им помогнам. Извлеков поука од сето ова. Веројатно никогаш веќе нема буквално ништо да коментирам. Се чувствувам многу загрозено, не сум сигурна во мојата безбедност, но нема на  никој да му се исповедам – изјавила Неда.

Иако се смее на фотографијата покрај нејзината пријателка што лежи во болничка постела, Неда  сè уште тврди дека имала само добра намера кога на овој начин се простила од долгогодишната пријателка и колешка.

– Тоа беше само збогување од колешката и пријателката, која ја познавав 40 години – заклучила пејачката.1neda500

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1