Неизгасната цигара фрлена од комшиите запали стан во Ново Лисиче


Вчеравечер избил пожар во стан на булеварот Асном бр. 54 во населбата Ново Лисиче.

pozarnikarot-gasiПожарот се случил околу 2:30 часот и бил предизвикан од фрлена неизгасната цигара од горните спратови на зградата, која завршила на терасата од станот на првиот спрат.

За среќа противпожарната бригада навреме интервенирала и било спречено ширење на пламените јазици.

Пламените јазици, осве н терасата, голтнале мал дел од кујната и дневната соба од станот. Материјалната штета е голема, но, за среќа во пожарот нема повредени.

Скопје инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1