Зградите не можеме да ги урнеме, но портата е друга работа – изјавил Жерновски


Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, во разговорот за британскиот угледен весник „Фајненшел тајмс“ не дал директна изјава дека планира да ја урне Порта „Македонија“. „Дневник“ стапи во контакт со редакцијата на весникот, од каде што ни ја испратија изјавата на градоначалникот Жерновски, која ~ ја дал на новинарката Kерин Хоуп.

Andrej-Zernovski2– Градоначалникот Жерновски за спомениците рече: „Тие се лесни за отстранување. Ние би можеле да ги испратиме низ цела Македонија. Луѓето од другите градови се жалат дека плаќаат за скулптурите што се поставуваат само во Скопје“. За портата рече: „Зградите се катастрофа, ние немаме барок во нашата архитектонска историја. Ние нив не можеме да ги урнеме или да ги разнесеме. Но, портата е друга работа“ – велат од редакцијата на „Фајненшел тајмс“.

Во минатиот вторник британскиот весник објави репортажа за новиот изглед на центарот на македонската метропола и проектот „Скопје 2014“, во кој, освен други соговорници, беше интервјуиран и градоначалникот Жерновски. Во текстот, меѓу другото, беше наведено: „Андреј Жерновски, новиот градоначалник на Центар, сака да го запре проектот, да ја урне триумфалната капија и да ги отстрани повеќето статуи, за кои вели дека би се преместиле во помалите градови низ земјата“.

Жерновски демантираше дека дал изјава дека ќе ги урива спомениците од 2014.

Повеќе на Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1