Неизвесно е дали Израел ќе биде домаќин на Евросонгот 2019


Израел би можел да го изгуби правото на организирање на Евросонг за 2019 и натпреварот да се одржи во Виена.

Сомневањата дека Израел ќе биде домаќин на следната Евровизија се појавија веднаш по победата на Нета Барзилаи . најпрвин се спомнуваше безбедносната состојба , а сега во прашање се финансиите .

Државната телевизија побарала средства од владата за да го организира преносот на Евровизија , но минисртерството за финансии излегло со одговор дека не планира таков трошок. Според музичките медиуми како домаќин на натпреварот се спомнува Виена , како држава од каде претставникот Сизар Сампсон доби најголем број поени од жирито.

Израел како гаранција дека прифаќа да биде домаќин на Евровизија до утре треба да уплати 12 милиони евра во швајцарска банка. Доколку не бидат упалтени средствата , тогаш ќе се бара друга земја домаќин, а Австрија се изјасни дека е подготвена да ја преземе таа улога.

Како последна шанса , израелската телевизија Кан му се обрати лично на премиерот Бенјамин Нетанјаху со молба да ги стави на располагање потребните пари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1