“Се уште не сме се договориле со Министерството за култура дали концерт ќе има и немам никакви детали”, изјавил за Вест Славен Ристески, зетот на Тоше.
План на Фондацијата е да издаде албум со неколку нови песни од повеќе студија низ Европа кои Тоше ги снимил. Првата песна која Фондацијата “Тоше Проески” ќе ја подари на неговите фанови е на српски јазик и ќе се промовира на 25 јануари, на денот кога Тоше требаше да наполни 32 години.
Три песни кои би требало да се најдат на албумот се на англсики јазик, аранжирани од Енди Рајт, англискиот продуцент на мегазѕвездата. Уште две песни се снимени во Шведска и една во Ирска, што ја комплетира листата од шест.