Некогашната прва дама на Германија, не сака да ја „гуглаат“ како проститутка


Сопругата на поранешниот германски претседател Кристијан Вулф, Бетина, се брани од злите гласини за своето минато. Нејзиниот адвокат Гернот Лер на почетокот на месецов подигнал тужба против интернет пребарувачот „Гугл“.

Цел на тужбата е да се забрани името на поранешната прва дама на Германија да се комбинира со пикантни зборови и да ги наведува читателите на погрешни и невистинити содржини.

На пример кога ќе започне да се пребарува нешто за Бетина Вулф, како предлог на бараниот поим може да се добијат и зборовите како „ Бетина Вулф проститутка“ и „Бетина Вулф ескорт“.

Тоа за 38 годишната Вулф било огромен шок, но сепак многумина се прашуваат дали воопшто оваа битка против пребарувачот ќе има некаков позитивен епилог за неа.

Според адвокатот и експертот по медиумско право Кристијан Сомелке за ваквите тужби судовите во Германија многу малку се изјаснуваат па поради тоа прашање е дали „Гугл“ за тоа ќе сноси некаква одговорност. Од пребарувачот тврдат дека поимите се појавуваат во комбинации кои корисниците ги впишуваат. Гласините за слободниот живот на поранешната прва дама на Германија започнаа уште од 2006 година кога извори од Христијанско демократската унија, противник на нејзиниот сопруг објави дека Бетина пред да биде сопруга на политичар била проститутка.

Иако тивко се зборувало за минатото на Бетина, медиумите ништо не објавувале бидејќи немале докази.

Сепак, многумина се согласни со тоа дека оваа тужба е само една добро смислена ПР-акција за книгата на госпоѓа Вулф која треба да се објави овој месец. Во книгата таа пишува за искуството од времето кога била поранешна прва дама на Германија.

Tags: , , , , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1