Некој остава плика полни со пари низ цел град – никој не знае кој е богатиот хуманитарец


Бели пликоа со банкноти од по 100 долари го преплавија Сан Франциско. Непознат човек шета по градот и еднаш или двапати неделно ги остава парите како дел од проектот “Скриени пари”, а локациите ги открива преку Твитер.

pari bogatas ostavaМистериозниот богаташ вели дека е магнат кој се збогатил од трговија со недвижности и дека сака да и се оддолжи на заедницата оти му овозможила да стане богат.

– Заработив милиони во изминативе неколку години, многу повеќе одошто сум можел да замислам, а од друга страна многу мои пријатели и колеги не можат да си дозволат ниту пристоен дом, рекол богаташот и додал дека сакал да подели пари на забавен и креативен начин.

Од оние кои ќе ги најдат парите бара само да објават фотографија на Твитер, пишува Хафингтон пост.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1